Apple ветија многу нови нешта со новата iOS 12 надградба – подобри перформанси, групирани нотификации и Memojis кои наликуваат на Pixar, но во нивното претставуање за време на пред-лансирањето не спомнаа за функцијата која моментално е центар на внимание кај голем дел од корисниците. Благодарение на одреден bug, iPhone-ите пријавуваат нотификација за надградба секој пат кога телефонот се отклучува, без опција која овозможува таа да се инсталира.

Секако постои опција да се исклучи нотфикацијата, но по некое време тоа станува прилично досадно, и не им влева на корисниците премногу надеж за непречено инсталирање кога таа надградба ќе стане достапна за сите.