Xiaomi подготвува нова серија телефони, наречена Pocophone, а првиот уред во портфолиото би требало да го носи името F1. Неколку дена пред неговото официјално пуштање, телефонот се појави на Geekbench со верзија од 8GB RAM меморија. Ова е втор пат како Pocophone F1 се појавува на бенчмаркот, откако минатата недела беше објавена верзијата со 6GB RAM меморија.

Резултатот од 2451 поени за еднојадрениот и 8998 за повеќејадрениот процесор е сличен со резултатите од другите телефони кои имаат Snapdragon 845, како што се OnePlus 6, Xiaomi Mi 8, HTC U12+ и други.

Се очекува дека Pocophone F1 ќе има 5,99-инчен IPS LCD екран со notch на врвот. На задната страна е вертикален систем со две камери и сензор за отпечатоци. Гласините, исто така, спомнуваат батерија од 4000mAh и поддршка за брзо полнење 3.0.