Новиот смартфон на Motorola изгледа како iPhone X во боите на Huawei

Motorola произведе смартфон кој изгледа како клон на iPhone X кој го претстави во боите на моделот Huawei P20.

И кога велиме клон, мислиме на идентичен изглед на задниот дел од телефонот со мала измена – наместо логото на Apple на овој телефон стои логото на Motorola и служи како сензор за отпечатоци.

Huawei ја нарекува оваа боја „twilight“ – виолетова боја која под различно светло се претвора во сина. Motorola ја „позајми“ оваа идеја и ја нарече бојата „Aurora“. Со комбинирање на изгледот на iPhone X и бојата на Huawei P20, Motorola P30 го спојува најдоброто од двата света, иако некои би го нарекле овој потег „плагијаторство“.

Motorola P30 би можел да биде истиот телефон кој се појави низ неколку неофицијални фотографии низ социјалните мрежи, кој беше наречен Motorola One Power. Како и да е, тој има 6GB RAM, Snapdragon 636 процесор и 3.000 mAh батерија.

Тој доби оперативен систем Android 8.0 Oreo со вграден Lenovo ZUI 4.0 интерфејс. Огромниот 6,2-инчен екран со резолуција од 2246 х 1080 пиксели одлично се надополнува со 12-мегапикселната камера на предниот дел, како и двете камери на задниот дел од 16 и 5 мегапиксели, последователно.

Предниот дел од телефонот има notch идентичен како оној на iPhone X, иако оној на телефонот на Apple е малку поширок. Маската е целосно стаклена и има можност за препознавање на лица.

Motorola P30 пристигнува во септември, најпрво на кинескиот пазар, а ќе чини од 303 до 360 долари, во зависност од тоа дали ќе ја одберете верзијата од 64GB или 128GB внатрешна меморија.

Извор: Klix.ba