Нови алатки ќе им овозможат на корисниците да го намалат времето на Facebook и Instagram

Марк Цукерберг најави нов сет алатки наменети за корисниците на Facebook и Instagram, кои би требало да им помогнат да го намалат времето кое го поминуваат на овие социјални мрежи.

На многу корисници често им се случува да отворат Facebook или Instagram за да проверат само една работа, за половина час подоцна да се фатат себеси како и понатаму разгледуваат бесцелно низ работите објавени на овие мрежи. Голем број корисници го има овој проблем, што и не е премногу чудно бидејќи социјалните мрежи се дизајнирани за да привлечат корисници кои на нив ќе поминат што е можно повеќе време.

Во знак на загриженост, Марк Цукерберг реши да ја прекине таквата практика и најави дека новата цел на Facebook ќе биде наместо постојано нудење на нова содржина, времето да се поминува квалитетно.

Во САД веќе се достапни три нови опции. Една од нив ќе прикажува колку време поминувате на Facebook, односно колку често посетувате одредени страници. Овозможено е и дневно ограничување на користењето на мрежата, што значи дека може да се намести опција која ќе ве исклучи од мрежата откако ќе биде надминато предвиденото време.

Третата опција, која веројатно ќе им биде корисна на многумина, ќе дозволи да ги изгасите нотификациите од Facebook на одредено време. Таа е веќе достапна за пораките од Messenger, а поради популарноста на оваа опција, таа беше проширена и на целата мрежа.

Извор: Klix.ba