Вака ќе изгледа финалната верзија на Google Pixel 3 XL (ВИДЕО)

До официјалната премиера на новите Pixel телефони има скоро два месеца, ако претпоставиме дека ќе биде на 4. октомври. Тоа сепак не е пречка во интернет да се појават слики на комерцијалната верзија на Google Pixel 3 XL кои доаѓаат од руски блогер. Кадрите и видеото на отпакување беа споделени на Telegram и во нив се гледа белата верзија на смартфонот.

Во последните недели на интернет се појавија и други кадри на прототип на смартфонот, па неговиот дизајн не нѐ изненадува, но од фотографиите станува јасно дека во сетот ќе се вклучени и USB-C слушалки, кои се со форма на безжичните Pixel Buds.

Заедно со тоа сликите потврдуваат дека Pixel 3 XL работи со Android 9 Pie, користи 8-јадрен чипсет Qualcomm (веројатно Snapdragon 845) и има резолуција 1440×2960 ​​пиксели и 4GB RAM.

Фотографиите откриваат и каков ќе биде интерфејсот околу големиот отвор на врвот на екранот. Според кадрите, статус лентата на телефонот ќе биде проширена до висината на исечениот дел, што сигурно ќе предизвика контроверзни реакции.