FIFA воведува анти-допинг тестирања и на е-спорт натпреварувањата

Мамењето во текот на играњето видеоигри не е невообичаена работа. Но, допингот е нешто ново во е-спортот

Едно од главните обележја на професионалниот спорт е константната борба против допингот. Иако тоа можеби звучи необично, иста таква борба ќе се води и во светот на електронскиот спорт.

Играчите кои што се натпреваруваат на eWorld Cup на FIFA, мора како и професионалните фудбалери, после секој одигран натпревар, да минат допинг контрола. Без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не, речиси сите од нас понекогаш имаат искористено некоја метода за мамење на видео игрите.

На интернет можат да се најдат бројни страници посветени токму на различните начини за измама во видео игрите.

FIFA веќе и имаше проблеми со измамите. Минатата година беше откриено дека некои играчи мамеле со местењето на контролерите кои што се користат за играње, а со оглед на тоа што наградниот фонд е уште поголем, поголеми се и ризиците. Доволно е да се каже тоа дека пред две години главната награда изнесуваше 25 илјади евра, а оваа година 10 пати повеќе – 250 илјади евра.

Најчесто се проверува дали играчите користат лекови кои инаку ги користат луѓето кои што имаат проблем со концентрацијата, затоа што таквите лекови ја зголемуваат концентрацијата и фокусот. Но, откриено било дека играчите во е-спортот често користат и други стимуланси како на пример метамфетаминот.

Дека од FIFA сериозно тргнаа во борбата против допингот во е-спортот, доволно говори и фактот дека тестирањата ги надгледувал и претставник на агенцијата за борба против допингот, Џенс Клајнфелд кој што истата работа ја вршеше и на Светското првенство во Русија.

„Кога ме прашаа дали би го работел тоа, јас ги прашав – навистина ли? Но, кога ќе видите колку тој спорт е всушност голем и колку се професионални играчите, нема сомнеж дека е потребно тестирањетоо“, изјави Клајнфелд за “Associated Press”.

Извор: Zimo.hr