Достапниот Xiaomi телефон со Snapdragon 845 чипсет, чиј дизајн досега беше мистерија, веќе е на пат за Европа.

Сега се појавија неколку фотографии, кои ни даваат добар увид во тоа како изгледа Pocophone F1. Тука е и малопродажното пакување кое ги потврдува спецификациите.

Фотографијата на предниот панел дава добар увид во дизајнот на уредот, но и функциите, како што е течното ладење за Snapdragon 845 чипсетот, системот со две камери на задната страна и голема батерија од 4.000 mAh.

Задниот дел од анодизиран алуминиум, така што нема да има безжично полнење, но тука е поддршката за QuickCharge 3.0, USB-C конектор, 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки и други опции.

Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна, додека предната страна ја красат релативно тенки рамки од страна и голем засек во екранот, слично како кај моделот Mi 8 SE.

За разлика од моделот Mi 8 SE, Pocophone нема поддршка за напредната технологија на 3D препознавање на лицето.