Новите Chromebook лаптопи на Acer пристигнуваат во септември

Откако ги претстави новите лаптоп уреди со Chrome OS, Acer соопшти кога ќе се појават на пазарот, како и колку ќе чинат.

Новите Chromebook 13 и Chromebook Spin 13 ќе им бидат достапни на купувачите од септември, двата уреда ќе поседуваат алуминиумско куќиште и 13,5-инчен IPS екран со резолуција 2.256 x 1.504 пиксели со форамт 3:2, како и тракпад од Gorilla Glass стакло.

Лаптопот Chromebook 13 во традиционален стил ќе чини 649 долари и ќе има Inter Core i3 процесор, 8 GB RAM и 32 GB меморија. За 100 долари повеќе купувачите ќе добијат i5 процесор.

Chromebook Spin 13 доаѓа со екран осетлив на допир и шарка од 360 степени која му овозможува преклопување и користење како таблет. Основната верзија со i3 процесор, 8 GB RAM и 64 GB меморија ќе биде достапна за 749 долари. Најсилниот модел со i5 процесор, 16 GB RAM и 128 GB меморија ќе чини 949 долари.

Со новите Chromebook модели, Acer ги нишани ривалите кои се потпираат на услугите базирани на cloud. Во однос на останатите Chromebook уреди, новите модели на Acer имаат врвни спецификации, а тоа го покажува и цената.