Паметниот звучник на Apple наскоро ќе остварува телефонски повици

HomePod, еден од најскапите паметни звучници на пазарот наскоро добива функција за изведување на телефонски повици, пишува TheNextWeb.

Како што најавуваат од компанијата, со надградбата на новите iOS оперативни системи оваа есен, HomePod заедно со Siri, треба да добие неколку нови можности. Првата од нив секако е опцијата за користење на овие звучници како уред за телефонирање без употреба на раце, при што ќе се користат како вградените звучници, така и микрофоните на HomePod.

Освен повикувањето и примањето на телефонски повици, ќе може да се пребарува листата на повици, да се преслушуваат говорните пораки или да се повикаат итните служби. Дополнително, HomePod ќе ја поддржува апликацијата Find my iPhone, па со едноставна наредба паметниот звучник ќе го пронајде и ќе се поврзе со телефонот.

Исто така е предвидено и можност за контролирање на паметните зучници и од Mac лаптоп преку најновата алатка Mojave, како и можноста за поставување на повеќе тајмери истовремено.