Gran Turismo Sport доби седум нови автомобили и нова патека (ВИДЕО)

Најновиот апдејт на една од најпопуларните игри со автомобили Gran Turismo Sport ни носи неколку новитети кои го дополнуваат изборот на автомобили и го прави играчкото искуство многу подобро.

Се работи за седум нови автомобили, како и нова патека со шест можни конфигурации. Највпечатлива новост е болидот на Ф1 возачот Луис Хамилтон од тимот на Mercedes, но покрај него тука се и Mazda 787B, Honda S660, Ford GT LM Spec II и Ferrari 250 GTO.

Новата патека Circuit de Sainte-Croix е измислена, долга 9,5 км и има 19 кривини.