Како творецот на Fortnite стана милијардер благодарение на само една одлука

Кога пред 27 години во подрумот на своите родители, Тим Свини ја основаше компанијата Epic Games, веројатно не можел ниту да сонува дека денес, токму благодарение на видео игрите ќе стане милијардер.

Epic Games низ годините лансирашше бројни игри кои што остварија просечен успех, но играта Fortnite промени се. Од самото лансирање до денес, компанијата на Свини заработи повеќе од 1,2 милијарди долари, а се проценува дека Fortnite до крајот на годината на Epic Games ќе ѝ донесе заработка поголема од 2 милијарди долари.

Fortnite за само неколку месеци стана глобален феномен, затоа што оваа видео игра веќе ширум светот ја играат над 125 милиони луѓе. Ја играат луѓе на сите возрасти, а сите имаат иста цел – да ги надмудрат другите играчи, да дојдат до оружје и ресурси и да преживеат на островот кој што станува се помал.

Но, Fortnite на почетокот беше како и секоја друга игра – играчите мораа да платат 40 долари за да можат да градат тврдини и да се одбранат од зомби. Но, тогаш Свини донел одлука да ја направи играта бесплатна и да воведе мултиплеер.

Тоа по што Fortnite се разликува од останатите видео игри е што оваа мултиплеер игра е бесплатна. Корисниците не мора да платат ништо, освен доколку не сакаат да имаат друго оружје, нови мисии и да ги облечат своите ликови во уникатни униформи. Доколку го сакаат тоа, корисниците мора да ја купат виртуелната валута V-buck и да потрошат реални пари.

Фактот дека одредени оружја и униформи се достапни само кратко време, ги поттикнуваат играчите да купат нешто што другите играчи нема да го имаат. Таа „ексклузивност“ е тоа што ги поттикнува корисниците да трошат пари.

Таквиот начин на продажба на Epic Games им донесе рекордни приходи и според некои проценки, вредност поголема од 14 милијарди долари.

Извор: Zimo.hr