Според последните информации, Huawei би можел својот прв флексибилен паметен телефон да го претстави веќе во 2019. година.

Гласините за флексибилните телефони чиј што екран ќе може лесно да се преклопи и како паричник да се стави во џеб, траат веќе неколку години. Но, ако може да им се верува на последните информации, првиот паметен телефон со флексибилен екран би можел да се појави на пазарот веќе идната година.

Наводно, од Huawei забрзано работи на производството и лансирањето на својот прв флекибилен паметен телефон на преклопување со цел да го претекнат големиот ривал Samsung, иако до неодамна кружеа гласини дека Јужнокорејците веќе оваа година планираат да го претстават „револуционерниот“ телефон.

Според гласините, Huawei својот флексибилен паметен телефон ќе го опреми со флексибилни OLED панели произведени од кинеската компанија “BOE”.

Од друга страна, Samsung сами ги развиваат флексибилните екрани, а неодамна потврдија дека успешно е развиен првиот флексибилен екран кој што не се крши и за кој што компанијата добила сертификат во САД.

Извор: Zimo.hr