Fortnite за Android ексклузивно на Samsung Galaxy Note 9

Една од најпопуларните игри во последно време е Fortnite, која сеуште не е достапна на Android платформата, но според најновите информации тоа ќе се случи во август со појавата на новиот модел на Samsung Galaxy Note. Според најавата од Samsung, Galaxy Note 9 ќе биде објавен на 9-ти август, од 14-ти август ќе започнат нарачките на телефоните, а веќе од 24-ти август, Note 9 ќе се најде во продавниците. Од тој ден, па во следните 30 денови, играта Fortnite ќе биде ексклузивно достапна само на овој телефон. Купувачите на овој телефон во САД ќе добијат виртуелни 100-150 долари кои ќе можат да ги потрошат во самата Fortnite игра. Но доколку не ја играте оваа игра ќе имате можност да добиете AKG безжични слушалки кои би требало да имаат слична парична вредност