Spotify има 83 милиони претплатници ширум светот

Mузичкиот стриминг сервис Spotify регистрираше 83 милиони претплатници во светот до крајот на јуни, додека три месеци претходно имаше 75 милиони, што е скок кој не значи и финансиска добивка за оваа шведска платформа на интернет, соопштено е денес во Њујорк.

Spotify, кој денеска ги соопшти резултатите од вториот квартал, наведе дека скокот во бројот на претплатници е благодарение на зголемениот интерес во Латинска Америка и југоисточна Азија, каде претплатниците користат семејни пакети кои се поевтини од поединечните претплатнички пакети.

Овој стриминг сервис за една година регистрираше за 40 отсто зголемување на бројот на претплатници, меѓу кои се и оние кои ги користат бесплатните пакети со реклами. Spotify има 180 милиони активни корисници на месечно ниво.

И покрај брзиот развој на стримингот во светот, Spotify немаше профит од своето основање во 2005-та година. Сервисот изгуби 90 милиони евра во еден квартал, но раководството на оваа платформа наведува дека повеќе сака да се фокусира да не се шири географски.

Неговиот конкурент Apple Music основан пред три години, соопшти во мај дека има повеќе од 50 милиони претплатници.

Извор: B92.net