Независно дали сте искусен или почнувате во веб дизајнот неопходно е да совладате повеќе алатки на интернет. Дополнително, мора да имате иницијатива и самите да барате алатки и решенија со кои би си го забрзале, олесниле и подобриле работниот процес.

За да ви помогнеме, подготвивме листа од 20-те најважни алатки за дизајнери на кориснички интерфејс, а во овој текст ќе ви ги покажеме 7-те кои се поврзани со истражување и тестирање. Можеби некои од нив веќе сте ги употребиле, но погледнете ја листата. Сигурно ќе има што да додадете во вашиот арсенал за дизајн.

Истражување / Тестирање

Како и што знаете, истражувањето корисници е нешто што мора да се направи пред воопшто да почнете со скицирање на прототипот. Ако можете јасно да ги идентификувате потребите и желбите на вашиот целен корисник, лесно може да осмислите веб и мобилно решение кое сигурно ќе има влијание на вашите корисници.

1. UsabilityTools 

Оваа алатка ви дозволува да го видите веб сајтот како корисник, а не како веб дизајнер. Употребувајќи најразлични методи за тестирање и истражување, со оваа алатка може да го почувствувате пулсот на корисниците, директно прашувајќи ги за начините на кои може да се подобри услугата на веб сајтот. Лесно ќе ги дознаете разликите помеѓу најмногу и најмалку конвертираните однесувања на целните корисници.

Алатките за употребливост ви дозволуваат да го почувствувате пулсот на корисниците, директно прашувајќи ги за мислење

Со оваа алатка, може да си заштедите време бидејќи веднаш ќе го видите најкорисното визуелно корисничко искуство со следење на движењата на глувчето и скролувањето на веб сајтот. Така, лесно ќе откриете на што кликнуваат корисниците за време на нивната посета и кои се нивните проблеми при употребата.

DHL, Procter and Gamble, и Ferrero се само некои од компаниите кои ја употребуваат оваа алатка.

Професионалниот план за неа ќе ве чини само 19 долари.

2. MouseStats

Мерењето на активноста на корисникот е навистина лесно со MouseStats. Тој ви дозволува да го следите секое движење, скролување или притиснување на копче на корисникот. Може да ја снимите целата посета со камера на вашиот вебсајт и потоа да ја прегледате. Може да ја гледате исто како да гледате филм! Нема да ви биде тешко да сфатите што сака вашиот корисник, особено откако ќе прелистате илјадници вистински интеракции на корисниците со сајтот.

MouseStats ви овозможува да го следите секое движење на вашите корисници

MouseStats има Heatmaps, одлично решение за собирање, обработување, визуелизирање и разбирање на комбинираното однесување на вашиот корисник, независно дали тој го посетува веб сајтот на лаптоп, десктоп или мобилен уред.

Micro Surveys е уште една опција на MouseStats која ви овозможува да ги прашате корисниците за мислење. Благодарение на комбинираните статистики и вистинските прегледи, следењето на приоритетите на вашите корисници е уште полесно. Дополнително, може да добиете многу идеи од вашите корисници.

Уште една опција на MouseStats која сигурно ќе ви биде од корист е Form Analytics. Со неа може да го соберете и анализирате однесувањето на посетителите на веб сајтот што ќе резултира во подобрен, разбирлив извештај. Kingston Technology и Stack Overflow се само некои од компаниите кои го употребуваат MouseStats.

Бронзениот план на MouseStats чини само 19 долари месечно.

3. Attensee

Attensee е алатка која ви помага да ја измерите дистрибуцијата на визуелното внимание. Со Attensee, може да ја измерите ефективноста на вашиот дизајн и да изнајдете начини да го подобрите. Оваа алатка ви овозможува да да соберете повеќе информации од одговорите на вашите корисници преку комбинација на тестови и анкети.

Attensee ви помага да ја измерите ефективноста на вашиот веб сајт

Attensee исто така ви обезбедува податоци за тоа што точно вашите корисници набљудуваат и на што посветуваат поголемо внимание во однос на елементите кои се однесуваат на конверзија, како СTA и рекламите на банер. Може да проверите дали моменталната верзија на вашиот распоред одговара на потребите на вашите посетители. Со Attensee, може одвоено да дизајнирате различни распореди и потоа да одлучите кој да се употреби, врз основа на одредени фактори, како на пр. организација, големини и бои.

Shopify е еден од корисниците на Attensee. За само 49 долари месечно, може да ги исползувате придобивките на оваа алатка.

4. Appsee

Уште една многу омилена алатка на многу UX дизајнери е Appsee. Тоа е аналитички софтвер за мобилни апликации. Оваа алатка им го олеснува анализирањето на патеката на конверзија и подобрувањето на изведбата на апликацијата.
Има User Recordings (снимки на корисници) што ви овозможува да ја гледате акцијата која ја превзема корисникот, да ви даде слика за тоа како се употребува вашата апликација и да ви помогне да ги идентификувате проблемите со кои се соочуваат корисниците, за секако да успеете да дојдете до решение. На кратко, ви овозможува да ја видите апликацијата од гледна точка на корисник.

Appsee ви помага да ја анализирате конверзијата и да ја подобрите изведбата на апликацијата

Доаѓа и со опцијата Touch Heatmaps која ви овозможува да ги следите акциите кои се прават во вашата апликација на секој екран, а со тоа и ќе ви покаже кои елементи од неа се повеќе употребувани.

Appsee доаѓа со Realtime In-App Analytics која ви овозможува аналитика на начинот на кој се однесува корисникот. Може да го одредите неговото однесување во секој екран со употреба на едноставни, а сепак моќни визуелни извештаи.
Marketo и British Gas се дел од задоволните клиенти на Appsee.

Контактирајте го Apsee за да ја добиете најдобрата цена за вас и вашот тим.

5. UserVoice

Како и што кажува нејзиното име, алатката ви овозможува да погледнете какво мислење имаат вашите веб корисници за вашиот сајт или продукт. Несомнено е дека оваа алатка е од голема помош за собирање на повратни информации од клиентите и управување на целиот систем на поддршка.

UserVoice ви овозможува да погледнете какво мислење имаат вашите веб корисници за вашиот сајт или продукт

Piccolage, Bing Ads и Google, употребуваат UserVoice.

Основен план за управување со продукт со UserVoice чини 499 долари месечно.

6. Ethn.io

Ова е уште една алатка која може да ви помогне со вашето истражување, но нуди повеќе од тоа. Ethn.io ви помага лесно да регрутирате испитаници за вашата анкета да може да ја пополнуваат квалификувани учесници. Исто така, може да ги повикате испитаниците за да ги интервјуирате директно.

Ethn.io е многу корисна алатка за истражување на корисничкото искуство

Како е тоа можно со Ethn.io? Сé што треба да направите е да ја поставите JavaScript на  Ethn.io на вашиот сајт, или да го употребите мобилниот директен линк во ваша реклама на Facebook и LinkedIn, или пак неговата Twitter Find опција. Потоа, ако корисниците го пополнат, вие ќе добите известување во реално време, по кое ќе може да ги контактирате преку електронска пошта за да направите тест за употребливост на далечина или да ги интервјуирате.

Adobe и Levis се некои од компаниите кои го употребуваат Ethn.io.

Може да го добиете Ethn.io за најмалку 49 долари месечно.

7. Polldaddy

Неоспорно е дека Polldaddy е еден од најпопуларните уредувачи на анкети. Со неговиот напреден уредувач многу лесно може да креирате прашалници. Сé што треба да направите е да изберете од 14-те видови на прашања, и потоа со CSS да ги прилагодувате, да го менувате фонтот, големината, бојата и да додавате HTML, слики и видеа.

Polldaddy го прилагодува изгледот на вашата анкета како што вие правите измени. Ви овозможува да испратите линк до прашањата на вашите целни испитаници или да го употребите како банер на вашиот веб сајт. Ви нуди можност за филтрирање и извештаи за да ги добиете резултатите кои се најкорисни за вас. Необработените податоци кои ќе ги соберете може лесно да се експортираат во Excel PDF, CSV, Google Docs, и XML формат.

Polldaddy доаѓа бесплатно, но ако се регистрирате за Pro корисничка сметка, ќе треба да платите 299 долари годишно.

Алатки за правење прототипи / жичени модели

Пред да го започне процесот на програмирање, прототипот на вашиот продукт може да  направи многу. Погледнете ги овие алатки за правење прототипи и жичени модели, затоа што, независно дали работите на дизајн на модерна апликација или комплексен веб сајт, овие алатки ќе ви го олеснат работниот процес.

8. Solidify

Оваа алатка е од ZURB, компанија во Кембел, Калифорнија. Станува збор за хибрид од алатка за тестирање и алатка за правење прототипи. Таа ви овозможува да креирате модели на кои може да се кликне преку бесплатни тестови за многу кратко време. Со неа, повеќе корисници ќе се обидат да го употребат вашиот продукт на повеќе уреди.

Со лесните за разбирање извештаи ви се нуди брзо и лесно вреднување на вашиот сајт. Ќе видите дали корисниците може да завршуваат одредени задачи, и ќе го добиете нивното мислење за опциите и идеите во вашиот дизајн. Со помош на мрежата на корисници-тестери, може да добиете резултати за квалитетот од најразлични профили.

Основната Solidify корисничка сметка ќе ве чини 19 долари месечно.

9. POP

Оваа апликација, која е лесна за употреба, ви овозможува да трансформирате скици во работни прототипи. Нема сомневање дека ова е најдоброто оружје за дизајнерите кои сакаат соодветен прототип. Не само што е корисно, туку и ви заштедува време. Со POP, може да смислите колку сакате модели без да треба да се грижите за импортирање и сечење, бидејќи POP го прави тоа за вас.

Со POP може многу брзо да правите дупликати, па така вашите модели, проекти и линкови може лесно да се уредувааaт и да се споредуваат со целосно функционални идеи. Со неговата опција за ставање ознаки, лесно може да категоризирате и најдете датотеки.

POP доаѓа бесплатен. Сепак, ако сакате неограничена употреба и пристап, ќе треба да платите 25 долари месечно за професионална сметка.

10. UXPin

Сигурно, многу дизајнери ја вбројуваат оваа алатка меѓу оние кои се многу корисни во однос на правење жичени модели и прототипи. Ако не сте го употребиле UXPin до сега, каде сте биле?

UXPin ви овозможува да креирате интерактивни жичени модели и прототипи. Многу од оние кои употребиваат UXPin велат дека најдобрата работа кај оваа алатка е тоа што им дозволува на сопствениците на сајтот да видат како нивните проекти изгледаат на мобилни уреди. Сé што треба да направат е само да го прилагодат прелистувачот до саканата големина. Дополнително, UXPin го олеснува соработувањето со други тимови.

Ви требаат само неколку кликнувања за да го конвертирате жичениот модел во прототип. Не треба да се грижите дали импортирате од Sketch или Photoshop бидејќи сите слоеви се зачувуваат за прототипот.

UXPin се употребува од Microsoft, NBC, Sony, и многу други компании.

Основната UXPin сметка е идеална за фриленсери и мали компании, и чини 19 долари месечно.

Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест