На бизарен начин постигнал рекорден број на убиства во Fortnite (ВИДЕО)

Начинот на кој беше постигнат новиот рекорд во број на убиства во играта Fortnite е навистина вреден за презир.

Бескруполозниот играч успеа да оствари 48 убиства во една игра, а своите жртви ги однесе во смрт додека го гледаа посебниот настан организиран во играта. Станува збор за лансирање на ракета, нешто кое никогаш повеќе нема да се повтори.

За да го гледаат овој настан, играчите ширум играта поставиле посебни видиковци, а од тогаш Elemental­­_Ray одлучи да го направи непримерниот потег.

Во една игра, десетина играчи ги здружуваат силите за да направат огромна одбрана, а видеото од нивните напори е навистина спектакуларно, особено ако се земе во предвид фактот дека многу ретко се случува толку многу играчи да ги здружат силите за да постигнат заедничка цел.

Како што се слушаа ракетните мотори и како започнаа да “танцуваат” по небото, сите играчи нагло завршиле со играта додека уживале во спектакуларната глетка. Платформата на која застанале исчезнала, а сите 48 умреле.

Кога некој ќе умре во Fortnite, камерата се префрла кон убијците. Вкупно 48 мртви играчи се нашле во ситуација да гледаат една иста личност, гејмерот под името Elemental_Ray кој го отсекол подножјето на платформата.

Сосема очекувано, сите учесници биле бесни и сега го напаѓаат со пораки полни со омраза поради тоа што го направи.