На „Амазон“ се продаваат производи со неонацистичка тематика

Според еден извештај, електронскиот аукциски портал „Амазон“ им помага на групите што шират омраза да продаваат стока со нацистичка тематика од која тие заработуваат.

Студијата покажа дека многу од групите што шират омраза ја продале својата стока преку продавницата на „Амазон“ продавајќи нацистички предмети вклучувајќи облека, накит и реплика од воени обележја. Во студијата се наведува дека одредени групи за ширење омраза продавале музика и книги што ги величаат нивните ставови преку „Амазон“.

 „Амазон“ отстрани некои од рекламите и рече дека бргу ќе реагира против секој што ќе ги прекрши нивните правила.

 

Извештаите направени од две американски организациии, Партнерството за работна сила и Центарот за акција, за раса и економија, го истражуваат начинот на кој расистите го користат „Амазон“ за заработувачка.

Според извештајот, бавно и недоволно применуваните насоки на „Амазон“ им овозможиле на многу расистички, исламофобични и антисемитски движења разни начини на заработка на пари, со што се проширени и нивните идеи. Овие две организации пронашле разни стоки со познати симболи на омраза, како што свастики, слики против црнци и производи со современа тематика што ја користат расистичките групи.

Иако „Амазон“ има одредени правила што забрануваат производи што промовираат омраза, насилство, расна, полова или верска нетрпеливост или промовирање организации со такви ставови, компанијата лошо ја спроведуваше својата политика во пракса. Овие две организации го повикаа „Амазон“ да заземе јасен јавен став кон движењата што шират омраза и да ги спречи да заработуваат пари.

„Амазон“ ги отстрани многуте производи наведени во извештајот и истакна дека работи на спречување на неонацистичките музичари да ја следат нивната содржина. „Амазон“ во изјавата наведува дека продавачите на нивната веб-страница мора да ги следат нивните упатства и оние што не го прават тоа ќе добијат брз одговор, што подразбира потенцијално отстранување на нивните нарачки.