Galaxy Note 9 би можел да изгледа речиси идентично како Note 8

Новиот флегшип модел на Samsung, Galaxy Note 9 ќе биде преставен на 9. август, но во меѓувреме протекоа фотографии од овој уред кој изгледа речиси како неговиот претходник Note 8.

Фотографиите кои ги објави Android Headlines го прикажуваат смартфонот само од предната страна. Оние кои очекуваа големи промени ќе бидат изненадени, бидејќи Note 9 од овој агол изгледа речиси идентично како Galaxy Note 8.

Долната рамка на Note 9 би можела да биде малку потенка отколку кај Note 8, а се очекува да остане и влезот за слушалки.

Се очекува дека Galaxy S9 ќе има подобро позициониран сензор на отпечатоци отколку Galaxy S9. Кружат гласини дека сензорите би можеле да бидат и интегрирани во екранот на Note 9.

Samsung Galaxy Note 9 ќе и биде претставен на јавноста на 9. август, две недели пред минатата година да биде презентиран Note 8. Samsung наводно има намера да ја почне продажбата на својот флегшип уред кон крајот на август.