Новиот PES би можел да биде најдобра фудбалска видеоигра досега (ВИДЕО)

Помалку од два месеца не делат од појавувањето на PES 2019, а како што се ближи датумот на излегување, така се откриваат и се повеќе информации во врска со играта.

“Konami” оваа година посвети поголемо внимание на стекнување на лиценца, но не го заборавија ниту она најважното – да направат одлична фудбалска видеоигра. Објавеното видео од играта укажува на фактот дека новата PES би можела да биде најдобрата фудбалска игра досега.

Првиот трејлер за PES 2019 е објавен на 9-ти мај, кога играта беше и официјално најавена.

Насловната ќе ја краси Бразилецот Филипе Кутињо, а на посебното издание ќе се појави Дејвид Бекам. “Konami” досега претстави повеќе новитети кои не’ очекуваат во новата игра, но некои работи ги оставиле за крај.

Тие наводно сакаат да ги откупат правата на Реал Мадрид за користење на името на клубот, а треба да претстават уште две лиценцирани лиги од вкупно 9.

Благодарение на Јутјуб каналот “Weedens”, светот има прилика да се увери како ќе изгледа новата игра. Во видеото се гледаат ѕвездите на Барселона и Ливерпул и репрезентациите на Аргентина и Франција, како и некои фудбалски легенди како Гулит и Бекам.

Извор: Klix.ba