Историски ден: Xbox контролер во реклама за Nintendo (ВИДЕО)

Оваа недела се појави нова верзија на планетарно популарниот хит Minecraft, кој по прв пат, донесе целосна поддршка за мултиплатформско играње. Minecraft сега можете да го играте истовремено со вашите пријатели на телефон, Xbox, Switch и компјутер.

За сите платформи, освен за Sony, кој на ова поле продолжува да биде “губитник” кој се изолира и ја спречува својата играчка база да има крос-играње со играчите на другите конзоли, што со последниот Fortnite случај ја прекрши секоја мерка.

И додека Sony, кој суверено владее со оваа генерација, некако баш на тоа поле успева да се покаже како злосторник и губитник, Nintendo сега се покажува како компанија која никогаш не била поотворена и понастроена кон потрошувачите, бидејќи отворено го поддржува играњето помеѓу конзолите, баш како и Microsoft за Xbox One, а она што го прави Sony почнаа да го осусуваат дури и фановите на Sony, бидејќи е спротивно и на нивниот интерес да бидат изолирани.

По повод излегувањето на новата верзија на Minecraft и крос-платформската поддршка, Ninteno ја објави и официјалната реклама на својот YouTube канал, која има еден историски момент – Xbox One контролер се појавува во реклама за Nintendo! Нешто што никогаш досега не сме го виделе, некоја компанија на полето на конзоли отворено да “рекламира” конкурент.