Кинеската компанија Xiaomi повторно тргнува во нов пазарен сегмент. Производителот електроника и техника лоциран во Кина, тргнува во креација на паметна фудбалска топка „Insait Joy Smart Football“. Оттаму, ветуваат дека најдоцна до 10 јули ќе имаат производ кој ќе се продава за 47 долари.

„Xiaomi Insait Joy Smart Football“ е опремен со повеќе сензори, како и централен процесор кој ги обработува дојдовните податоци. За да ги искористите ви треба апликација на вашиот смартфон која ќе ги регистрира сите шутеви и дриблинзи на теренот за време на игра или тренинг, ќе ги оценува вашите добри и лоши страни, како и траекторијата на движење на топката по шут.

Производот е создаден со технологијата на термичко поврзување. Надворешниот материјал е синтетичка кожа (т.н. СТП кожа или полиуретан). Топката е херметичка и не се деформира со абење или потопување во вода. Интересно е што Xiaomi вели дека производот е во согласност со стандардите на FIFA.

Insait Joy Smart Football се полни безжично и мора да биде поставен на специјална подлога. 30 минути полнење се доволни за три часа работа на сензорите. Новиот производ на Xiaomi ќе биде достапен во две верзии. Првата е жолто-сина, наменета за деца и младинци и втора варијанта, за возрасни која има поголем обем и тежина.