Еден од најважните елементи за правилно и безбедно функционирање на вашиот автомобил е секако системот за сопирање. Редовната проверка и замената на деловите, кои се вклучени во системот за сопирање, ќе ви помогне за уште поголемо уживање во патувањето и помирни и безбедни денови поминати со вашето возило.

Компанијата „Еуроимпекс“ повторно спроведува сервисна кампања во траење од 10.6.2018 до 10.7.2018 со промотивна цена и попуст од 15 отсто на сите делови вклучени во системот за сопирање, како и на работната рака.

Искористете ја можноста да го проверите вашето возило пред големите патувања во летниот период бидејќи системот на сопирање е клучен за вашата безбедност, затоа погрижете се за негово правилно функционирање.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија.