Опаѓа интересот за Facebook, младите преферираат Instagram, Snapchat и WhatsApp

Голем број луѓе се префрлаат од Facebook на затворени форуми како WhatsApp за да расправаат за дневни вести, поради загриженост за приватноста, лажни вести и расправии, се вели во анкетата на Институтот за истражување на новинарство на Ројтерс.

Се намалува користењето на Facebook посебно меѓу младите кои преферираат WhatsApp, Instagram и Snapchat. Facebook и понатаму е најпопуларна социјална мрежа со 36 отсто користење минатата недела, но губи во трката со други апликации како WhatsApp, кој во четири години има тројно зголемен број корисници како извор на вести и сега е на 15 отсто.

Луѓето се чувствуваат подобро кога разговараат на затворени платформи особено во држави со поларизирани поделби, во кои е опасно отворено да се изрази политички став, како Малезија и Турција, се  вели во студијата.

Само 23 отсто од 74 000 анкетирани во 37 држави изјавиле дека веруваат на вести на социјални медиуми. Испитаниците рекле дека вести често пронаоѓаат на Facebook и Twitter, но објавуваат во група на WhatsApp заради разговори со помал број лица- пријатели.

Во врска со Facebook, најголема забелешка за оваа мрежа е довербата.