Езеро кое доаѓа и си заминува за само неколку часа

Езеро, кое се појавува и исчезнува по неколку часа. Можеби не е за верување, но е реалност. Колку и да звучи како приказна од бајка, такво езеро постои и се наоѓа во Австралија.

Скриено во планините јужно од Тасманија, езерото Disappearing Tarn кога е на своето место има интензивна сина боја и кристално чиста вода. Поради неговата карактеристика на појавување и исчезнување, името се чини и потполно му одговара.

Фактот дека езерото се појавува неколкупати во годината, а потоа веднаш исчезнува предизвикува мистерија за која туристите сакаат многу често да зборуваат. Но, вистината е сосема едноставна: Disappearing Tarn се појавува како резултат на снежните и врнежите од дожд, а заминува веднаш штом земјата ќе ја впие сета надојдена вода од планината. Изобилството на врнежи и температурата на воздухот ја одредуваат ширината и длабочината на езерото и, пред сè, неговото “времетраење”. Понекогаш Disappearing Tarn останува видливо со денови, а некогаш има „рок на траење“ од само неколку часа, додека водата не се реапсорбира во земјата.

Да се биде во можност да се види ова сензационално искуство, треба да се соочите со еден вистински планинарски поход од над шест километри, по патот што се искачува до планината Велингтон. Но и да го минете сиот овој пат, не сте сигурни дека Disappearing Tarn ќе биде таму.