Tesla ќе го намали бројот на вработените

Американскиот производител на автомобили на електричен погон Tesla, објави дека ќе изврши намалување на бројот на своите вработени за 9 проценти. Причината за намалувањето на бројот на вработени се базира на потребата да се намалат трошоците на компанијата за да може да се заврши производството на новиот модел Tesla Model 3.

Елон Маск кој е извршен директор на компанијата во мејл порака до врабтените ја објави информацијата. Според Маск отпуштањата се во сектори кои не се поврзани со директното производство на Model 3.

Според аналитичарот Efraim Levy, отпуштањата во Tesla ќе доведат до профитабилност на краток рок, но тоа нема да биде одржливо. Според информациите, бројот на вработени би требало да се врати на бројката од околу 37.000 лица, што би значело дека над 3.000 лица ќе бидат отпуштени.