Sony го објави првиот трејлер за играта The Last of Us Part II (ВИДЕО)

Sony објави нов трејлер за играта The Last of Us Part II, една од најочекуваните видео игри за PlayStation. Во неа се појавува Ели како лик со кој може да се управува. Овој трејлер воедно претставува и прв увид во самиот изглед на играта.

Трејлерот ја прикажува Ели во мирно опкружување со пријателите, а подоцна како многу способна и опасна девојка во брутални борби. Од видеото може да се заклучи дека играта ќе биде “крвава” токму како и претходното издание.

The Last of Us Part II е една од високобуџетните нови игри на пазарот со одлична приказна, кои се наменети за конзолата PlayStation 4. Конзолата на Sony навистина има одлична година, за која значително придонесоа и сличните игри како што се Horizon Zero Dawn и God of War.

Студиото на Sony, Naughty Dog, сега има задача да ги оствари големите очекувања по првата игра The Last of Us, односно да понуди уште подобра приказна, можности и одлично искуство при играњето.


 Извор: Klix.ba