Kако да се заштитите од зрачењето на мобилните уреди?

Свесни сте дека уредите како што се мобилните телефони, компјутерите и слично, зрачат. Поради тоа не треба константно да сте во нивна близина.

Еве како да се заштитите од штетното зрачење на ваквите уреди:

1. Пред сѐ треба да се користат слушалки. Слушалките со жица се подобри од Bluetooth уредите.

2. Подобро е да испратите текстуална порака отколку да разговарате преку уредот. На тој начин е одалечен уредот од главата а зрачењето е подалеку од мозокот.

3. Наместо наутро да ве буди мобилниот телефон покрај глава- нека ве буди старомоден будилник.

4. Бидејќи зрачењето влијае врз плодноста, не се препорачува држење на мобилните уреди во џеб, како од панталоните така ни во горните џепови од кошулата (поради рак на дојка).

5. Се препорачува користење на футроли, а бројни произведувачи веќе продаваат футроли кои блокираат третина од зрачењето.