Хрватска добива дигитални паметни говорници

Хрватски Телеком и хрватската агенција специјализирана за надворешно дигитално огласување Go2Digital почнаа да ги заменуваат постојните говорници на најфреквентните локации ширум Хрватска и да поставуваат нови, дигитални, кои нудат широк опсег на услуги. Постојните говорници нудат само можност за телефонирање, а новите дигитални говорници нудат низа паметни технолошки решенија базирани на технологијата за Интернет на нештата.

Така, граѓаните ќе имаат на располагање многу нови опции како што се безжично полнење мобилни уреди, информирање за нивото на загадување во воздухот со помош на посебни сензори поставени во говорниците до СОС копче за повикување брз помош во случај на незгода. За минувачите да можат и да бидат конектирани на Интернет, секоја говорница е опремена со Wi-Fi Hot Spot за бесплатен и неограничен Интернет.

За полесно нсаоѓање низ градовите за туристите на дигиталните екрани ќе има интерактивна мапа на шест јазици, која корисниците ќе ги упати до саканата локација. Досега се поставени една говорница во Ровињ и една во Загреб, а во план е поставување на 20 говорници во Загреб во текот на јули и август. Годишно се планира замена на најмалку 25 говорници низ Хрватска.

Извор: Tportal.hr