Од Apple очекуваат намалена побарувачка за новите модели на iPhone

Во септември пристигнуваат три нови модели на iPhone, а Apple за нив нарача 20 проценти помалку компоненти во однос на минатогодишните модели

Според последните информации, сите најави дека новите паметни телефони на Apple ќе донесат голема побарувачка и скок на вредноста на компанијата, се чини дека се далеку од реалноста.

Имено, во Apple не очекуваат преголема побарувачка за новите iPhone модели. За претстојните три нови модели кои што ќе бидат претставени во текот на септември, од Apple наводно нарачале 20% помалку компоненти во однос на минатата година.

За 2017. година од Apple нарачаа компоненти за 100 милиони iPhone 8, 8 Plus и iPhone X, а за оваа година очигледно во компанијата сметаат дека ќе има помала побарувачка, па нарачаа компоненти за 80 милиони телефони.

Откако се појавија овие информации за намалувањето на порачките, веднаш падна и цената на акциите на оваа компанија на берзата.

Да потсетиме, Тим Кук и неговата екипа за три месеци ќе претстават три нови модели на iPhone, а тоа што ќе биде најинтересно во врска со новите модели е нивната цена. Инаку, очекуваме два модели со OLED екрани. 5,8-инчниот наследник на Х, како и Х Plus кој ќе има дури 6,5-инчен OLED екран и веројатно ќе биде најмоќниот iPhone на пазарот.

Моделите 8 и 8 Plus со LCD екран ќе ги замени само еден нов модел со екран со дијагонала од 6,1-инчи, но димензиите не би требало да бидат поголеми од 8 Plus затоа што екранот ќе ја зазема речиси целата предна површина од телефонот, а овој телефон би требало да има и најпристапна цена.

Треба да се напомене дека сите три нови модели на iPhone би требало да имаат Face ID технологија, односно можност за отклучување на телефонот со препознавање на лице.

ИЗВОР: Zimo.hr