Објавен трејлерот за играта „Resident Evil 2 Remake” (ВИДЕО)

Денеска на официјалниот сајт на компанијата Sony беше објавен трејлерот за новиот римејк на играта „Resident Evil 2“.

Неколкуте новитети и дополнителни опции би требало да ја направат оваа игра фаворит кај љубителите на хорор игри.

Во играта Леон Кенеди и Клер Редфилд водат битка за преживување во Ракун Сити, кој е полн со зомбија. Новитет е камерата, односно модот преку кој можете да гледате преку рамото на ликот кој го управувате, а ќе има и модернизирани контроли. Играта поради тоа повеќе ќе потсетува на „Resident Evil 4“ отколку на „Resident Evil 2“.

Таа ќе се најде во продавниците на 25 јануари 2019 година а ќе биде достапна за PC, PlayStation 4 и Xbox One по цена од 60 евра.

Извор: Klix.ba