Не сакате да ве следи Facebook? Еве како можете да го спречите

Доколку ја користите апликацијата на „Фејсбук“ за мобилен телефон, таа зачувува повеќе податоци за вашата локација отколку што мислите, дури и ако не ја користите. Еве што можете да избришете и како да го исклучите следењето.

Како можете да ја прегледате историјата на локации што ги зачувал „Фејсбук“?
Во веб-прегледникот на „Фејсбук“ отворете Settings>Location. Кликнете на View your location history и внесете ја лозинката кога апликацијата ќе го побара тоа од вас. На апликацијата за мобилен отворете Settings>Account Settings>Location. Изберете View your location history и внесете ја лозинката. Ќе добиете преглед на сите локации што сте ги посетиле, а што ги зачувал „Фејсбук“.


Како да ја избришете историјата на локации на „Фејсбук“?
Кликнете на копчето за избор во горниот десен агол на почетната страница на „Фејсбук“ и потоа изберете Delete all location history. Така ќе ги избришете сите податоци. Ако сакате да ги избришете податоците по денови, кликнете на копчето за избор со датум за податоците што сакате да ги избришете и кликнете Delete this day.


Како да го исклучите следењето на вашите локации на „Фејсбук“?
Доколку не сакате „Фејсбук“ да ја следи вашата локација, изберете Settings>Account Settings и потоа Location. Под Facebook Settings вклучете Location History. Ако го направите тоа, нема да можете да користите одредени функции како што се „Find Wi-Fi“ и „Nearby Friends“.
Извор: Tportal.hr