За се е виновен Fortnite: Девојче од 9 години заврши на одвикнување од видеоигри

Некои деца толку се зависни од Fortnite што уринираат во шишиња или на перницата на која седат, за да не ја прекинат играта, а некои крадат пари за купување на виртуелни предмети во играта.

Девојчето станало толку зависно од играњето на видео играта, така што буквално заборавало дека треба да оди во тоалет, само за да не се оттргне од екранот. Кога таткото одлучил да го исклучи Xbox-от, девојчето го удрило по лицето.

Имено, девојчето за кратко време станало премногу зависно од играта која што моментално е мега-популарна. Од јули минатата година кога беше лансирана, досега играта е симната од повеќе од 40 милиони гејмери.

Девојчето видео играта ја играло тајно додека нејзините родители спиеле, а преморено од интензивното играње во текот на ноќта, девојчето често заспивало на училиште, по што на наставниците им станало јасно дека нешто не е во ред.

 

„Кога ѝ дозволивме да игра, немавме поим дека тоа така лесно може да прерасне во зависност или играњето би можело да има влијание на нејзиното психичко здравје“, изјавила мајката.

„Сопругот една ноќ го забележал светлото во нејзината соба и ја пронашол како ја игра видео играта седејќи на перник натопен со урина. Толку се имаше навлечено на играта, така што не сакаше ниту да оди во тоалет“, раскажува мајката.

Родителите исто така забележале дека од кредитната картичка биле извршени уплати на Мајкрософт кои што започнале да надминуваат по 50 фунти месечно, а девојчето признало дека плаќало за дополнителни содржини и остварување на подобри резултати.

Поради тоа, девојчето завршило во клиника за одвикнување, а експертите предупредуваат дека многу деца токму поради преголемата изложеност на насилни видеоигри би можеле со текот на времето да развијат сериозни психички проблеми.

Извор: Zimo.hr