Прв официјален трејлер за „Fallout 76“ (ВИДЕО)

Еден од најочекуваните трејлери на овогодинешната гејминг конвенција E3 конечно беше прикажан на публиката која со нетрпение чекаше да види повеќе од гејмплејот за видео играта која ќе објасни што се случуваше пред почетокот на серијалот „Fallout“. Ви ја претставуваме „Fallout 76“.

Од студиото Bethesda најавија дека „Fallout 76“ ќе биде игра на преживување која ќе се игра само онлајн, нешто слично како „DayZ“ или „Rust“.

Во последните неколку години онлајн видео игрите со преживување во отворен свет станаа голем хит кај играчите, најмногу поради нивната разновидност и тежина на задачите кои ги дава светот во кој играат.