Стариот телевизор може да биде опасен

Деловите од старите телевизори се опасен отпад и затоа е најдобро да се рециклираат. Со рециклирање на старите технологии се добиваат лим, алуминиум, кабли, пластика, печатени плочки, стакло, оловно стакло, кондензатори, дрво, електронски топови, бакар и флуоресцентен прав.

Опасниот отпад од телевизорите се флуоресцентниот прав, оловното стакло, кондензаторите и електронските топови. Доколку со отпадните телевизори и монитори за компјутери се ракува несоодветно, односно ако се разбие катодната цевка, флуоресцентниот прав, кој е канцероген, ќе се разлета.

Секоја година се рециклираат илјадници тони стари монитори и CRT телевизори од земјите од регионот. Конкретно во Србија, во 2017 година беа рециклирани меѓу осум и девет илјади тони стари монитори и телевизори.

По рециклирањето, оловното стакло, кондензаторите и електронските топови се изнесуваат во земји-членки на ЕУ, најчесто во Германија, а флуоресцентниот прав му се предава на оператор за третман во земјата. Стаклото се носи во цементарница која го меша со камен при производство на цемент, како и дрвото, кое служи како гориво. Пластиката и печатените плочки се извезуваат.

Новите, тенки дигитални телевизори исто така се рециклираат, но тие се значително помалобројни од старите CRT телевизори, кои се чувани десетина години. И новите телевизори содржат опасни компоненти, но во помала количина од старите.

Извор: Bizlife.rs