Samsung најавува лаптоп со Snapdragon процесор

Samsung им се придружува на HP, Asus и Lenovo и почнува да произведува компјутери со Snapdragon процесори, наведуваат странските медиуми.

Покрај својот нов Snapdragon 850 чипсет, Qualcomm денеска објави дека производителот на Galaxy телефоните ќе ја интегрира својата картичка на “идниот уред”.

Со оглед на тоа дека Samsung веќе произведува уреди кои го користат Windows како Galaxy и кои се доволно преносливи да ги задоволат барањата на Microsoft за екосистемот “Always Connected PC”, сосема е можно дека претстојните уреди ќе бидат 2-во-1. Со оглед на тоа дека поврзаните компјутери треба да бидат паметни во траењето на батеројата и ќелиското поврзување, експертизата на Samsung како производител на смартфони може да и пружи предност над традиционалните брендови на лаптопи.

Не постојат многу други достапни податоци, така што се што можеме да направиме е да замислиме и шпекулираме за тоа како би изгледал овој уред.

Во меѓувремем оваа соработка е значајна за Qualcomm, бидејќи продолжува да ја развива листата на партнери за Windows на Snapdragon платформата.