Project Precog е концепт лаптоп на Asus со два екрана

Asus секогаш има неколку изненадувања во текот на презентациите, а овој пат компанијата во текот на Computex го прикажа Project Precog концепт компјутерот. Во прашање е PC лаптоп со два екрана и AI функции.

Asus истакнува дека уредот е доволно паметен да може да го оптимизира полнењето на батеријата во зависност од периодот на денот, а компанијата прикажа како може да прима Excel сугестии додека се работи на документ. Со помош на Intel Movidius VPU-a (visual processing unit), Project Precog може да детектира каде се наоѓаат рацете на корисникот во секој момент.

Project Precog во целосна смисла е конвертибилен лаптоп. Може да се користи во различни формации (шатор, таблет или традиционален лаптоп мод каде другиот екран се користи како тастатура). Можно е делосно рамно да се постави и да се играат игри на два екрана. Кога е во прашање куќиштето, Asus се одлучи за исполирана метална естетика, позајмена од ZenBook линијата.

Она што е интересно е дека Asus тврди дека Project Precog е повеќе од концеопт, бидејќи компанијата планира да го објави уредот во текот на следната година. Сепак, можно е крајниот уред да не изгледа како концептот прикажан во текот на Computex.