Футуристички систем за заштита на велосипедите од крадци (ВИДЕО)

VanMoof ги претстави новите електрични модели на велосипеди, S2 и X2, кои поседуваат идентични “супермоќи”.

Како што може да се види од видеото во продолжение, паметниот изглед може да го направи секој од овие велосипеди потполно невозможен за кражба, посебно кога се оставени на отворено.

Bluetooth системот на препознавање на возачот поседува и звучно предупредување за секој кој ќе го допре рамот, што може да доведе и до активација на аларм пред да се случи потенцијалната кражба.

Во случајот на овој велосипед, оној кој ќе успее да го украде во ниту еден случај нема да може да го вози. Кога ќе се пријави кражбата преку апликацијата за паметен телефон, GPS сигналот овозможува да се прикаже локацијата на украдениот велосипед.

Софистицираниот систем против кражба претставува уникатна технологија, но и извонреден додаток, кој покрај квалитетот на линијата може да претставува и уште една причина за нивно купување. Двете варијанти можат да се движат со брзина од 32 до 145 км/ч, а потребни се само четири часа за потполно да бидат наполнети.

Овие модели на електрични велосипеди можат да бидат запрени во краток рок по пат на механичките диск кочници. Покрај сè, можете да уживате и во добрата музика во текот на возењето бидејќи двата модела поседуваат вградени звучници.

Првата серија ќе им биде испорачана на сопствениците оваа есен, а на секој кој ќе порача еден модел, компанијата VanMoof му нуди попуст од 1000 долари на вкупната цена на моделот од 3400 долари.

Извор: Muskimagazin.rs