Новиот лаптоп на Asus, ZenBook S е лесен, моќен и софистициран (ВИДЕО)

Компанијата Asus произведе преносен компјутер со уникатен дизајн кој ќе им биде од голема помош на лицата кои поминуваат голем дел од денот пред овие уреди. Лаптопот ZenBook S ќе се најде на пазарот за неколку дена. 

ZenBook S има наклон на тастатурата од 5,5 степени што би требало да ја зголеми удобноста во текот на долгите периоди на пишување. Подигнатиот заден дел од лаптопот му помага на системот за ладење на уредот што помага во продолжување на неговиот животен век.

Новиот лаптоп на Asus има рамка од 12,9 милиметри, а тежи само еден килограм. Дисплејот на лаптопот е со големина од 13,3 инчи и подржува 1080 и 4K резолуција. Уредот има три USB влезови и приклучок за слушалки.

“Неговата елегантна софистицираност ќе го допре вашето срце и ќе го подобри вашиот престиж каде и да го користите. Неговата лесна преносливост, моќните перформанси и бескомпромисната поврзаност ќе ви овозможи да работите без проблеми”, велат од компанијата.

ZenBook S ќе биде достапен на пазарот од 11-ти јуни по цена од 1199 долари.

Извор: Klix.ba