Пазарот се засити, пад на продажбата на мобилни телефони

За првпат по 2007 година дојде до пад во продажбата на памените мобилни телефони, а како причина за тоа се наведува заситеноста на пазарот, особено во Кина. Истражувањата покажуваат дека продажбата на паметните телефони започна со пад минатата година, а почетните податоци за 2018 година покажуваат дека ќе дојде до дополнително намалување.

Економските аналитичари тврдат дека за тоа се заслужни неколку фактори – недостаток на новини кои би ги заинтересирале потрошувачите, долгото користење телефони, како и заситеност на клучните пазари, како кинескиот. „Пазарот стигна до својот максимум“, тврди економскиот аналитичар и консултат којшто се занимава со анализа на пазари, Боб О’Донел.