Успешно лансиран кинески лунарен комуникациски сателит (ВИДЕО)

Кина успешно го лансираше сателитот кој ќе има клучна улога во истражувачкиот лунарен проект Chang’e-4 во воспоставување на комуникациската врска помеѓу Земјата и роверот на далечната страна на Месечината.

Ракетата Long March 4C  беше лансирана заедно со сателитот Quenqiao и уште два микросателита од Центарот за лансирање на сателитот Xichang во 5:28 часот по локално време. Откако се одвои од ракетата 25 минути после лансирањето, сателитот China Academy of Space Technology (CAST) ги рашири своите два соларни панела и ја извлече комуникациската антена долга 4,2 метри, со што почна патувањето до подалечната страна на Месечината, кое ќе трае 8 или 9 дена.

Queqiao ќе може да ги пренесува сигналите од роверот Chang’e 4 Moon Lander на Земјата.

Ова лансирање беше вкупно 275. мисија на ракета од серијата Chinese Long March. Ако мисијата Chang’e 4 помине според планот, Кина ќе стане првата земја која ќе ја истражува подалечната страна на месечината. Конечната цел е испраќање луѓе на површината на месечината пред крајот на 2030. година.