YouTube воведува полесно препознавање на песните во видеата

Платформата за споделување видеa, YouTube воведува опција за препознавање на музиката во снимките, слично на популарната апликација Shazam.

Функцијата ќе биде достапна во самиот опис под видеото, а во информациите ќе стои насловот на песната, изведувачот, па дури и авторот на текстот, како и линк до официјалната страница или канал, кога тоа е можно.

Ова ќе помогне и за поголема заштита на авторските права, соопштуваат од YouTube.