Xbox добива нов прилагодлив контролер за лица со инвалидитет (ВИДЕО)

Конзолата на Microsoft, Xbox ќе добие специјален прилагодлив контролер кој примарно е дизајниран за корисниците со ограничена подвижност, односно со инвалидитет.

Овој контролер овозможува креирање на персонализирани контроли со помош на екстерни копчиња и џојстици. Една од првите работи за кое се погриживме е лицата со инвалидитет да можат да постават контроли таму каде што сакаат и да ги користат уредите што ги сакаат околу своето тело.

Прилагодливиот контролер поседува USB портови за приклучување на екстерни контролери, а големите A и B копчиња можат да се репрограмираат. Тука е и копчето за промена на профилот, така што корисниците можат да сочуваат неколку конфигурации на профили.

На долниот дел на уредот има гумени стабилизатори, така што е стабилен кога корисникот го држи во скут или на маса.

Сакаме да се погрижиме контролерот да биде практичен, пристапен и лесен за конфигурирање.