BMW X8 наводно пристигнува на почетокот на 2020. година

BMW го регистрираше брендот X8 и ќе понуди луксузен кросовер со ова име. Стандардните верзии ќе се натпреваруваат со моделите на Range Rover и идниот Auid Q8, а топ-верзиите ќе бидат директни ривали на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan.

Директорот на одделот за развој на баварскиот концерн Клаус Фрохлих го потврди за Autocar претстојното излегување на сличен модел, но одби да открие детали. Причината е дека раководството на „BMW“ сé уште нема донесено конечна одлука за тоа по каков „пат“ ќе се движи луксузниот автомобил.

Првата опција е стандарден – „BMW X8“ да стане купе-верзија на идниот X7 кој ќе се појави на пазарот до крајот на годината. Така баварците дејствуваат со X5, кој беше претворен во крос-купе „X6“, како и со „X3“, кој по преработка на каросеријата стана X4.

Втората можност е новиот X8 да претставува продолжена варијанта на X7, кој ќе има пространа кабина и прав покрив. Во секој случај, кросоверот ќе биде испорачан со 4 или 5 седишта, додека X7 ќе има верзија со 7 седишта. Идејата е да се фокусираат на луксузот и удобноста на патниците од вториот ред седишта.

Сепак димензиите на идниот BMW X7 овозможуваат пуштање на проширена верзија. Должината на моделот е 5.020 mm и растојанието помеѓу двете оски е 3.010 mm. Кај Mercedes-Benz GLS овие индикатори се 5.131 и 3.076 mm, а кај стандардниот Range Rover се 4.999 и 2.922 mm.

Во секој случај, новиот BMW X8 ќе биде најскапиот модел на баварскиот производител. Се очекува да се појави на пазарот околу 2020-та година.

Извор: B92.net