Viber воведува пренос на спортски гејминг мечеви

Viber и Fanbot.ai им пружаат навивачка забава за корисниците преку стикери и чет ботови за е-гејмерите

Rakuten Viber, апликацијата за гласовни повици и размена на пораки, објави ново партнерстви со Fanbot.ai, станувајќи глобална платформа за размена на пораки преку чет-ботот на Fanbot за е-спортови. Новиот чет ќе им пружи на љубителите на е-гејмингот низ светот низа функции и можности за интеракција и размена на искуства преку Viber, како што се:

  • Пристап до ексклузивни содржини, видео клипови, најнови резултати, распореди итн.
  • Активната Viber заедница (Community) за истовремена размена на информации и четување
  • Можноста да ја збогатат размената на пораки со употреба на посебни Viber стикери од пакетот, посветени на секој од натпреварувачките лиги.

Обожавателите на eSport-овите ќе имаат можност и во живо да следат одреден број турнири преку Viber, како и да им пристапат на распоредите на натпреварување, резултатите и дневниот преглед на најпопуларните содржини од live stream директните преноси на платформата преку eSports Fanbot чет ботот. Дополнителните опции врзани за предвидување на резултатите од мечевите и посебните пребарувања за тимовите ќе биде на располагање нешто подоцна оваа година.