Samsung во реклама повторно го исмева Apple (ВИДЕО)

Samsung во своите реклами со години го исмева Apple и корисниците на телефоните на оваа компанија – досега најчесто жртви беа луѓето кои со денови чекаат пред продавниците на Apple за да стигнат до новиот теелфон со “револуционерни” нови опции кои на телефоните Samsung Galaxy се достапни веќе со години.

Јужнокорејската компанија сега малку ја промени стратегијата на споредба на смартфоните, но резултатот е ист – Apple корисниците ги влече за нос и единствено решение е промена на телефонот и купување, секако, на Samsung Galaxy. Во најновата реклама Samsung го исмева неодамнешниот скандал околу забавувањето на постарите модели на iPhone, за што Apple “заборави” да ги извести корисниците.

Имено, за да спречат нагли гаснења на телефонот поради испразнетоста на батеријата и евентуални проблеми и дефекти кои би можеле да настанат поради тоа, Apple одлучи софтверски да ги забави овие уреди без да им даде избор на корисниците. Кога овие информации излегоа во јавност, Apple на корисниците им понуди замена на батеријата по пристапна цена, а со новиот софтвер конечно им даде и можност самите да одлучат дали сакаат да го забават телефонот или не.

На сите со постари модели на iPhone, Samsung им порача – наместо нов iPhone, купете Galaxy и заобиколете ги бројните проблеми кои може да ви ги донесе забавениот телефон, како на пример бавно вчитување на boarding карта, апликации и слично.