Универзитет дава стипендии за најдобрите играчи на Fortnite

Дека видео-игрите одамна не се само причина за губење време на младите, покажа и последната иницијатива на Универзитетот во Ешленд, Охајо, кој одлучи да понуди стипендија за најталентираните играчи на една од моментно најпопуларните интернет видео-игри Fortnite.

За оние кои досега не слушнаме, Fortnite е игра која беше бесплатно лансирана од Epic Games во септември минатата година. Истата се уште не е на професионално ниво, бидејќи лансирањето е направено пред помалку од една година, но за да се запишете на Универзитетот во Ешленд доволно е да бидете „махер“ во оваа фаза.

Според некои податоци кои се појавија во медиумите, а потврдени и од Forbes, во март 2018 година, 30,1 процент од играчите на интернет се обиделе со „Fortnite: battle Royale“, а истата е и најгледната игра на YouTube и Twich.

Oдлуката на американскиoт универзитет претставува чекор напред во препознавањето на овие спортови, што докажува дека и големите образовни институции се обидуваат да го фатат чекорот со времето. Стипендиите достигнуваат до 4000 долари за оние играчи кои ги исполнуваат академските и конкурентските барања. Играчите кои ќе се приклучат на тимот на Универзитетот Ешленд ќе го практикуваат најсовремениот центар со 25 high-end играчки компјутери и два големи екрани. Таму ќе се подготвува тим кој ќе се натпреварува и на ESport турнирите.