Моќта на електриката: Model X го влече Boing 787 тежок 130 тони (ВИДЕО)

Tesla постави нов Гинисов светски рекорд кога е во прашање масата која може да ја повлече еден сериски патнички автомобил.

Рекордот е забележан на аеродромот во Мелбурн, во Австралија, каде Tesla Model X P100D успешно го влечеше авионот Boeing 787-9 Dreamliner цели 300 метри.

Тоа беше доволно за овој електричен SUV од 2,5 тони да се запише во Гинисовата книга на рекорди, во однос на тоа дека масата на авионот изнесува 130 тони:

Model X P100D располага со батерија со капацитет од 100 kWh, а достапен е само во конфигурација со два електромотори и погон на сите четири тркала.

Овој SUV на Tesla се движи со два електромотори, од кои предниот располага со 259 коњски сили, додека задниот со 503 коњски сили.

Потфатот во Мелбурн е изведен во соработка со австралиската авиокомпанија Qantas, а Tesla и Qantas веќе забележаа една соработка во 2016 година.

Извор: B92.net