Samsung Galaxy S10 ќе има дисплеј со густина на пиксели над 600 ppi

Следната година не очекува Samsung Galaxy S10, кој ќе биде наследник на годинашниот S9 модел, а истовремено и десетта верзија од Galaxy S серијата. Се очекува дека Samsung со јубилејната верзија на телефонот ќе имплементира некои нови и интересни функции.

Според најновите гласини, премиум телефонот на Samsung за 2019. година би требало да има дисплеј со густина на пиксели од 600 ppi. Моментно, Galaxy S9 има 570 ppi. За да ја зголеми густината на пикселите, Samsung ќе мора или да ја намали големината на екранот или да ја зголеми резолуцијата, а најверојатно јужнокорејската компанија ќе се одлучи за втората опција.

За оние кои не знаат поради што е битна густината на пиксели на екранот, објаснувањето е дека колку повеќе пиксели можат да се сместат во една точка, толку сликата ќе биде поостра. Засега не е познато колкава резолуција ќе има дисплејот на Galaxy S10, но следниот логичен чекор би бил 4K.