Lenovo подготвува два ThinkPad лаптопа со Ryzen Pro процесори

На пазарот наскоро ќе се појават два нови преносни компјутери од Lenovo, кои и припаѓаат на ThinkPad серијата. Се работи за моделите A285 и A485, кои од остатокот на серијата се разликуваат според AMD Ryzen Pro процесорите, наместо оние на Intel.

Бидејќи овие лаптопи се уште не се официјално најавени, нема премногу достапни податоци за нив. Засега се знае дека купувачите ќе можат да бираат помеѓу два вида екрани: IPS (чувствителен на допир) и TN. Нив ќе ги одликува FHD, односно HD резолуција.

Познато е дека моделот A485 ќе биде опремен со 14-инчен, а помалиот A285 со 12,5-инчен екран. ThinkPad A485 ќе поддржува до 32 GB DDR4 ммеорија, а A285 половина помалце, односно до 16 GB.

На интернет страницата на Lenovo се наведува податокот дека новите лаптопи ќе можат да бидат опремени со AMD Ryzen процесори, заклучно со моделот Ryzen 7 Pro 2700U.

Софтверски ќе бидат опремени со Microsoft Windows 10 Pro. Lenovo за ThinkPad A485 наведува дека со едно полнење на батеријата ќе има автономија со 10,2 часа работа, додека за A285 овој податок ќе биде објавен накнадно.

Што се однесува до тежинагта, за 14-инчниот ThinkPad A485 таа изнесува 1,58 килограми, а за ThinkPad A285 – 1,13 килограми.

Извор: Bug.hr