Black Panther Xbox One – гејминг конзола што не можете да ја купите

Во изминатиот месец, имавме прилика да уживаме во две долго очекувани остварувања од универзумот на Марвел – филмовите Black Panther и Infinity War.

Со филмските адаптации на стриповите, фановите собираат разни артефакти на слична тематика купувајќи акциони фигури и други ситници во ограничено издание за да имаат некое обележје на нивните Марвел (анти)херои.

Овој пат ви претставуваме нешто што ќе ги воодушеви сите љубители на стриповите, филмовите и видеоигрите на Марвел. Со цел да го одбележат официјалното претставување на филмот Black Panther, Walt Disney Home Video се здружи со компанијата Microsoft, со цел заедно да креираат пет прилагодени Xbox One конзоли.

Но, за жал овие конзоли никој не може да ги купи, без разлика колку пари би издвоил за нив бидејќи тие едноставно не се ставени на продажба. Постои еден начин некоја од конзолите да стане ваша: мора да се пријавите на лотарија и да победите.

Оваа конзола е поделена на средината – од левата страна стои ликот на Black Panther, а од десната е Killmonger. Двата џојстици кои доаѓаат со неа ја носат истата тема – со маски на кралот Ваканда и неговиот противник. Секоја од петте конзоли доаѓа со копија од филмот во 4К резолуција.

И за крај, уште една лоша вест – право на учество во лотаријата имаат само граѓаните на САД и Канада.

Извор: Muskimagazin.rs